Обама: По две години страдање, конечно се гледа надеж за крај на конфликтот и траен мир

Поранешниот американски претседател Барак Обама преку објава на својот Инстаграм-профил испрати порака на надеж и охрабрување, по најавите дека израелско-палестинскиот конфликт би можел конечно да влезе во фаза на деескалација.
Поранешниот американски претседател Барак Обама е Лав во хороскоп.

„По две години незамислива загуба и страдање за израелските семејства и народот на Газа, сите треба да се чувствуваме охрабрени и олеснети што крајот на конфликтот е на повидок“, напиша Обама.

Тој изрази надеж дека заложниците кои сè уште се во заробеништво ќе се вратат кај своите најблиски, а хуманитарната помош конечно ќе почне да стигнува до луѓето во Газа чии животи се целосно уништени.

„Повеќе од сè, сега обврската паѓа на Израелците и Палестинците – со поддршка од САД и целата светска заедница – да ја започнат тешката задача на обнова на Газа и да се посветат на процес кој, признавајќи ја заедничката човечност и основните права на двата народа, може да доведе до траен мир“, нагласи Обама.

Оваа порака доаѓа во време кога меѓународната заедница сè поинтензивно повикува на итно примирје, размена на заложници и хуманитарна интервенција, поради катастрофалната состојба во појасот Газа.

Обама, кој и за време на својот мандат се залагаше за решение со две држави, повторно ја нагласува важноста од заемно признавање, почитување и долгорочна визија за мир што ќе ги вклучи интересите и достоинството на обете страни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни