Поранешниот американски претседател Барак Обама и потпретседателката Камала харис биле во комуникација откако таа објави дека се вклучува во трката за претседател на САД во неделата. Тие имале неколку разговори оваа недела, откриле четири лица блиски до нив, пренесе NBC News.
Обама ѝ дал целосна поддршка на Харис и нејзината кандидатура и наскоро планира јавно да ја поддржи, пренесуваат медиумите.
„Тој е во постојан контакт со неа и мисли дека таа одлично ја започна кампањата“ велат луѓето блиски до нив.
Обама е еден од најпознатите демократи во САД кој се уште ја нема поддржано Харис. Додека останатите високи функционери јавно ја поддржаа Харис, поддршката на Обама остана приватна.
Луѓето блиски до нив, сепак, не знаат кога би била јавната поддршка за Харис, а според еден од нив Обама не сака да ја засени поддршката од претседателот Џо Бајден.
Друг, кој е близок до Обама и Харис, вели дека поддршката од Обама ќе биде во момент ќе во овозможи да се задрши моментумот за кампањата на Харис.
Блиските до нив исто така сугерираат дека биле договарани и датуми на кои Обама и Харис заедно ќе се појават во текот на кампањата, иако тие датуми се уште не биле прецизирани.
„Претседателот Обама сака да им помогне на демократите за изборите оваа есен“ вели Ерик Шулц, советник на Обама. „Нашата стратегија се базира на креирање влијание, особено таму каде што неговиот глас може да направи промена“.
Изминатите денови Обама ѝ понудил на Харис совети за кампањата, а според перспективата на Обама, Харис морала многу да направи за кратко време и смета дека тој може да биде ресурс кој ќе ѝ помогне само на 100 дена пред изборите.
Обама се очекува да биде поддршка не само за Харис, туку и за останатите демократи на останатите избори во ноември.
Во јавноста, Обама досега само ја поздрави одлуката на претседателот Бајден да се повлече од трката, но тогаш не ја поддржа Харис јавно.