Објавена песната за Јуниорскиот евросонг

Нашите претставници на евровизиската сцена ќе застанат на 16-ти ноември во Мадрид, Шпанија.

Видеоспотот за песната „Маратон“ на Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски која годинава ќе нè претставува на 22-то издание на Јуниорскиот Евросонг е конечно објавен.

Автор на песната е Лазар Цветковски, а текстот е на Магдалена Цветковска.

Нашите претставници на евровизиската сцена ќе застанат на 16-ти ноември во Мадрид, Шпанија.

Видеоспотот е во комплетна продукција на Македонската Радио- телевизија и се снимаше на повеќе локации.

Шпанскиот национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос од спектакуларното шоу кое го подготвуваат домаќините ќе има на програмите на Македонската радио-телевизија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни