Објавена новата Шангајска листа: Повторно нема ниту еден македонски универзитет

На листата од 1.000 универзитети во светот и оваа година нема ниту еден универзитет од Македонија

Харвард повторно е број 1 на најновото Академско рангирање на светските универзитети (ARWU) за 2025 година, пред Станфорд, МИТ, Кембриџ и Беркли. Листата ја објави ShanghaiRanking Consultancy кој и годинава ги рангира најдобрите 1.000 институции во светот според шест истражувачки индикатори.

По Харвард, следуваат Стенфорд и МИТ, меѓу првите десет се и Кембриџ (4), Беркли (5), Оксфорд (6), Принстон (7), Колумбија (8), Калтех (9) и Чикаго (10).

На листата од 1.000 универзитети во светот и оваа година нема ниту еден универзитет од Македонија. Дополнително, „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје оваа година не е ни на листата на топ 2.000 во рангирањето на CWUR (Center for World University Rankings), откако лани беше на 1.990 место, што го потврдија и домашни медиуми почетокот на јуни.

Во однос на регионот Универзитетот во Белград е рангиран во групата 401–500 и останува меѓу највисокорангираните во поширокиот регион, Универзитетот во Љубљана е позициониран 501–600, Универзитетот во Загреб бележи пад и е 601–700, откако минатата година беше во 401–500, додека кај нашиот јужен сосед Грција Националниот и каподистријански универзитет – Атина и Аристотеловиот универзитет – Солун се во опсег 501–600, додека Универзитетот на Крит е 801–900.

Универзитетите се рангираат врз основа на шест параметри, вклучувајќи го бројот на поранешни и сегашни вработени кај добитниците на Нобелова награда и Филдсов медал, бројот на трудови објавени во списанијата Nature and Science, бројот на високо цитирани истражувачи според Clarivate, бројот на трудови индексирани во Science Citation Index – Expanded и Social Sciences Citation Index (Web of Science) и перформансите на универзитетот по глава на жител.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни