Објавена новата листа на НАЈМОЌНИ БАЛКАНСКИ ПАСОШИ: Еве каде се наоѓа Македонија

Летото е на прагот, годишните одмори се ближат, а со нив и подготовките за патување. За многу земји на Балканот сè уште е потребна виза, но сето тоа зависи од моќта на пасошот што го поседувате.

Според Visa Guide Passport Index 2025, најмоќен пасош на Балканот има Хрватска, додека пасошот на Северна Македонија се наоѓа на осмото место во регионот.

Еве го редоследот на балканските земји:

  1. Хрватска
  2. Словенија
  3. Грција
  4. Бугарија
  5. Романија
  6. Србија
  7. Црна Гора
  8. Северна Македонија
  9. Босна и Херцеговина
  10. Албанија

На глобално ниво, хрватскиот пасош е на 18. место, грчкиот на 22., а словенечкиот на 25. Црна Гора се наоѓа на 73. место во светот, додека Србија е на 67. позиција.

Овие податоци доаѓаат од Visa Guide Passport Index, додека Henley & Partners традиционално го објавува Henley Passport Index секој јануари, рангирајќи 199 пасоши и нивниот пристап до 227 дестинации ширум светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни