Oбјавена листата на највредните светски брендови, „Apple“ на врвот

Извештајот Global 500 покажал дека вкупната вредност на 500-те највредни светски брендови се зголемила за 10 проценти на годишно ниво, од 8,6 билиони долари во 2024 до скоро 9,5 билиони долари во 2025. Технолошките брендови go воделе овoj раст, така што три од петте најголеми брендови се технолошки компании

Global 50 ја објави листата на највредни светски брендови за 2025 година. Престижната листа, на чело со технолошките компании, покрај највредните светски брендови, открива и клучни фактори потребни за успех на пазарот, привлекување купувачи и трендови на чии бранови се возат најуспешните.

Студијата Brand Finance Global 500, која ја објави британскиот институт за истражување на пазарот Brand Finance во рамките на Светскиот економски форум во Давос, ги открива 500-те највредни брендови на глобално ниво за 2025 година.

Извештајот Global 500 покажал дека вкупната вредност на 500-те највредни светски брендови се зголемила за 10 проценти на годишно ниво, од 8,6 билиони долари во 2024 до скоро 9,5 билиони долари во 2025. Технолошките брендови go воделе овoj раст, така што три од петте најголеми брендови се технолошки компании.

Според зборовите на Давор Брукета, креативен директор и сопственик на агенцијата Брукета,Жиниќ и Греј, најуспешни се тие брендови кои имаат јасно дефинирана цел и идентитет и создаваат позитивни искуства и емоции.

„Брендовите се пред сè поврзани со емоции. Луѓето сакаат да чувствуваат поврзаност, а брендови кои успеваат да изградат силна емоционална врска се поскапи од другите. Дополнително, доследноста е клучна – потрошувачите сакаат да знаат што можат да очекуваат секој пат кога ќе дојдат во контакт со брендот. Иновацијата е исто така клучна. Светот се менува побрзо од кога било и брендови кои не се прилагодуваат и не еволуираат остануваат во минатото. Тие кои успеваат ги разбираат своите потрошувачи, нудат релевантни производи и услуги.

Тајната на создавање препознатлив бренд лежи во разбирањето на тоа што вашата публика сака и има потреба да го види. Секој голем бренд има јасна понуда на вредност – нешто што го разликува од конкуренцијата. Дополнително, автентичноста е многу важна. Голема улога имаат и визуелната и вербалната комуникација – логото, боите, тон на комуникацијата, сето тоа треба да биде препознатливо и доследно. И што можеби е најважно, брендот треба да остане флексибилен и подготвен за иновации за да остане релевантен во свет што постојано се менува,“ објаснува Брукета.

Apple повторно на врвот
Apple оваа година повторно ја презеде круната и го зазеде првото место. Овој бренд континуирано покажува дека инвестицијата во технологија и дизајн се исплаќа. Така секоја година од 2021 ја зазема првата позиција, освен 2023 кога за 1% го изгуби првото место од Amazon.

Технолошките брендови како Apple, Microsoft и Google dominiraат затоа што станале неизбежен дел од нашиот секојдневен живот. И сега се очекува повеќе кинески компании да се појават на глобалниот пазар во 2025 година како сериозни конкуренти на утврдените лидери.

Вредноста на брендот на Apple значително пораснала во последно време благодарение на континуираната и силната лојалност. Сепак, компанијата неодамна ја диверзифицираше својата сила, напредувајќи во областа на вештачката интелигенција. Apple ја зголеми вредноста на својот бренд преку стратегиска диверсификација и премиумизација, оддалечувајќи се од големото потпирање на продажбата на iPhone и ставајќи поголем акцент на услуги како што се претплатите на Apple TV.

Петте највредни брендови во 2025 година:

  • Apple – 574,5 милијарди долари, 11 отсто повеќе во однос на 2024.
  • Microsoft – 461,1 милијарди долари, пораст од 35 отсто.
  • Google – 413 милијарди долари, пораст од 24 отсто.
  • Amazon – 356,4 милијарди долари, пораст од 15 отсто.
  • Walmart – 137,2 милијарди долари, пораст од 42 отсто.

Второто место му припадна на Microsoft, бидејќи исто така многу инвестираше во вештачката интелигенција во текот на минатата година, особено преку соработката со OpenAI. Тоа е долгогодишно партнерство вредно неколку милијарди долари и фокусирано на суперкомпјутери и нови искуства поттикнати од вештачката интелигенција.

Google е на третото место, а Amazon на четвртото благодарение на компјутерската технологија во облак и е-трговијата, што привлече оптимистички инвеститори и силно придонесе за растот на брендот. Покрај тоа, компанијата се фокусираше повеќе на зголемување на изборот на производи и брзината на испорака.

Технолошките брендови, објаснува Брукета, како што се Apple, Microsoft и Google, доминираат бидејќи станаа неизоставен дел од нашиот секојдневен живот.

Вредноста на брендот на Deutsche Telekom достигна историски највисок ниво. Местото пред моќниот Instagram му припадна на Deutsche Telekom, кој повторно е еден од најуспешните и највредните брендови на светот. Стручњаците го ставаат DT на силно 11. место во вкупниот ранг на глобалната студија, што го прави единствената европска компанија во првите 20 и највредниот европски бренд. Рангирањето пред Instagram покажува дека оди во чекор со трендовите, но и дека ги води своите конкуренти – Verizon (15. место) и AT&T (24. место) – што му дава шанса да ја зголеми својата предност во иднината.

Извештајот на Brand Finance Global 500 исто така ја истакна значителната зголемената вредност на брендот во повеќе сектори. TikTok, популарната социјална мрежа, забележала неверојатни 79 отсто зголемување на вредноста на својот бренд од 2020 година, достигнувајќи 105,8 милијарди долари во 2025.

Американската компанија Nvidia прв пат влезе на листата откако вредноста на нејзиниот бренд пораснала за 98 отсто во изминатата година, што ги истакнува растечкиот значај на инвестициите во вештачката интелигенција. Instagram, пак, е рангиран на 12. место со вредност на брендот од 79,9 милијарди долари. Комбинацијата на голема база на корисници, можностите за генерирање приходи, силен огласувачки влијание и континуиран развој го прават еден од највредните брендови на светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни