Објавена листата на најмоќни луѓе во Европа: Првото место го зазеде жена

Според порталот Politico, италијанската премиерка Ѓорѓа Мелони е прогласена за најмоќна личност во Европа за 2024 година. Лидерка на десничарската партија „Браќата на Италија“, Мелони стана симбол на политичка стабилност во една од најнестабилните европски земји, притоа предизвикувајќи контроверзии со своите ставови за миграцијата и LGBTQ+ правата.

Со својот впечатлив стил и политичка стратегија, таа го зацврсти своето место како клучен фактор во европската политика. Нејзината влада, формирана во 2022 година, успеа да ја врати стабилноста во Италија и да привлече странски инвестиции, иако земјата се соочува со огромен јавен долг.

На листата, покрај Мелони, се наоѓаат и други влијателни личности како Урсула фон дер Лајен, Владимир Путин, Марин ле Пен и Папата Франциско, што ја покажува разновидноста на факторите кои ја обликуваат денешна Европа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни