Излезе од печат збирката есеи на Звонко Димоски ,,Современи театарски осврти”, книга 1.
,,Современи театарски осврти” им е насушно потребна на македонската културна јавност, на македонската книжевна наука, на македонскиот театар и на театрологијата, на македонските читатели и љубители на театарот и на уметноста, воопшто”, вели Габриела Стојаноска – Станоеска во предговорот на книгата.
Дел од рецензијата на Сребра Ѓорѓијевска пак е следниов текст: ,, Доблеста на Димоски е што секогаш критикува и укажува со аргументи, притоа избегнувајќи го субјективниот момент дека на критичарот ‘едноставно, нешто не му се допаѓа’.
Издавањето на книгата е помогнато од Министерството за култура и туризам. Уредничка и лекторка е Оливера Андоноска , а рецентзентки се Габриела Стојаноска – Станоеска и Сребра Ѓорѓијевска.