Објавен трејлерот за „Марија“, филмот во кој Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас

Нетфликс го објави првиот трејлер за филмот „Марија“, биографска драма за познатата оперска пејачка Марија Калас. Во филмот, во режија на Пабло Лараин, насловната улога ја игра Аџелина Џоли.

Филмот се фокусира на последните години на пејачката, кога таа живееше во Париз по турбулентен период во професионалниот и личниот живот под будното око на јавноста.

Марија Калас важеше за една од најдобрите пејачки на своето време, која со голем успех настапуваше на најпознатите светски сцени и изведуваше улоги во делата на Верди, Пучини, Доницети, Белини и други оперски великани. Нејзиниот личен живот, сепак, не секогаш бил розов. Не била задоволна во бракот, па завршила во прегратките на милионерот Аристотел Оназис со кој имала долгогодишна романса.

Сценариото за филмот „Марија“ го напиша Стивен Најт, главниот автор на серијата „Пики Блајндерс“.

Филмот беше премиерно прикажан на неодамна одржаниот филмски фестивал во Венеција. Во кината ќе се прикажува од 27 ноември, а ќе биде достапен на Netflix на 11 декември.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни