Објавен новиот документарец на Netflix за милијардерот кој не сака да остари

Документарецот е режиран од Крис Смит, кој е познат по режијата на документарците “Tiger King” и “Fyre”. Смит во документарецот “Don’t Die” се обидел да го прикаже главниот мотив на Џонсон кој го тера да го насочи своето време, енергија и скоро целото своето богатство во борба против стареењето

На Нетфликс е објавен нов документарен филм “Don’t Die: The Man Who Wants to Live Forever”, кој предизвик различити реакции меѓу гледачите.

Филмот ја прикажува личноста на Брајан Џонсон, мултимилионер и претприемач кој стана вирален на социјалните мрежи поради тоа што значителен дел од своето богатство го троши за да го запре процесот на стареење.

Документарецот е режиран од Крис Смит, кој е познат по режијата на документарците “Tiger King” и “Fyre”. Смит во документарецот “Don’t Die” се обидел да го прикаже главниот мотив на Џонсон кој го тера да го насочи своето време, енергија и скоро целото своето богатство во борба против стареењето.

Покрај здрав начин на живот, редовни вежби и бројни додатоци на исхраната, Џонсон дозволува неговото тело да биде подложено и на разни научни експерименти кои треба да го подмладат.

Продукцијата на филмот ја реализирале Смит, Ешли Ванс и Даниел Коелер.

Документарецот предизвика поделени реакции меѓу гледачите. Некои коментирале дека е забавен, но не доволно „филозофски длабок“, додека други го опишале како „бизарен и интересен истовремено“.

Во неодамнешен интервју за Variety, Брајан Џонсон открил дека неговиот единствен цел е да промовира поздрав живот и да ја истакне важноста на спиењето. Тој исто така нагласил дека смета дека добро здравје е на дофат на секого.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни