Објавен трејлерот за Rez Ball – филмот продуциран од Леброн Џејмс

Нетфликс го објави првиот трејлер за новата спортска драма Rez Ball, која е продуцирана од Леброн Џејмс, а режирана од Синди Фриленд.

Филмот е инспириран од вистински случувања од книгата „Canyon Dreams: A Basketball Season on the Navajo Reservation“ и од написи од Њујорк Тајмс.

Средношколски тим од Ново Мексико е во фокусот на филмот, составен од тинејџери од индијански резерват.

Коментарите на гледачите на трејлерот се главно позитивни и дека со нетрпение го очекуваат филмот.

Најново

Последни колумни