Објавен новиот трејлер за „Марија“ со Анџелија Џоли: Бев ужасно нервозна живеејќи како Калас

Анџелина Џоли ја глуми легендарната Марија Калас во новиот биографски филм за оперската пејачка, а од новиот трејлер за филмот може да се види трансформацијата на актерката.
Фото: Pablo Larrai­n

Режисер на филмот е Пабло Ларен кој ги фокусираше своите два претходни филма на титаните од 20-тиот век, Натали Портман како поранешната прва дама Жаклин Кенеди во Џеки (2016) и Кристен Стјуарт како принцезата Дијана во Спенсер (2021).

Новиот филм ја следи Калас додека таа се повлекува во Париз по гламурозниот и бурен живот во очите на јавноста.

Вокалниот опсег на реномираната сопранистка славно опфаќаше три октави, што ја направи меѓународна ѕвезда. Таа почина во Париз во 1977 година од срцев удар на 53-годишна возраст.

Џоли претходно сподели за време на прес-конференција на филмскиот фестивал во Венеција дека е нервозна поради пеењето во улогата.

„Бев ужасно нервозна; тренирав речиси седум месеци“, рече Џоли на филмскиот фестивал во август. „Прв пат кога пеев, се сеќавам дека бев толку нервозна. Моите синови беа таму и помогнаа да ја блокираат вратата за никој друг да не влезе, а јас се тресев“.

„И Ларин, во неговата пристојност, ми дозволи да почнам во мала соба, а да завршам во Ла Скала“, додаде таа. „Значи, ми даде време да пораснам. Бев исплашна да живеам како Калас“.

Џоли, чиј вокал е споен во филмот со вистински снимки од пеењето на Калас, исто така откри дека и покрај „седум месеци часови по опера, одлични учители и часови по италијански“, таа била „толку нервозна“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни