НВО Концепт плус засади дрвца во ОУ „Ѓорѓи Пулевски“ во Скопје

НВО Концепт плус од Скопје го имплементира проектот „Биди зелен, почитувај ја природата“ чија цел има подигање на свеста за заштита на природата и во рамките на активностите засади дрвја во ОУ „Ѓорѓи Пулевски“ во Скопје.

„Истражувањата покажуваат дека загадувањето на воздухот, водата и земјата негативно влијае на здравјето на луѓето и екосистемите. Одржувањето на зелени простори и засадувањето на дрвја помага во намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид и влијае на подобрување на квалитетот на воздухот. Почитувањето на природата не само што го одржува балансот во екосистемите, туку и создава благодатни услови за здрав живот и процват на сите форми на живот на земјата. Загаденоста во Македонија е сериозен проблем, особено во градските области како Скопје, Битола, Тетово, каде што емисиите од возилата, индустријата и домувањето предизвикуваат загадување на воздухот. Младите луѓе често не се свесни за влијанието на своите постапки врз природата и не почитуваат ја околината. Отпадоците се фрлаат непропорционално, постои недостаток на еколошка свест“, велат од НВО Концепт плус и додаваат дела целта не е само мотивирање на младите луѓе да се вклучат во активности за заштита на природата, туку и образување за важноста на оваа тема.

Садењето на дрвјата во училиштата е една од активностите со кои сакаме да помогнеме да се намали загадувањето во Скопје, но и да ги поттикнеме учениците да се грижат за природата. Концепт плус ќе донира дополнително нови дрвја кои ќе бидат засадени во новиот парк кој ќе биде изграден во Општина Аеродром“, вели Синиша Пекевски – Концепт плус.

Предвидено е проектпт да трае до 30 септември, но од Концепт плус велат дека ќе продолжат со имплементација и по тој период заради огромната важност на оваа тема за населението.

Проектот го спроведува Концепт плус од Скопје, а е финансиски поддржан од Министерство за животна средина и просторно планирање.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни