Nvidia купи акции на Intel во вредност од 5 милијарди долари

Американските антимонополски агенции ја одобрија инвестицијата на Nvidia во Intel, според известувањето објавено од Федералната трговска комисија на САД

NVIDIA купи акции на Intel во вредност од 5 милијарди долари, со што ја заврши трансакцијата објавена во септемврискиот договор, беше објавено во понеделник.

„Нвидија“, дизајнер на чипови за вештачка интелигенција и водечка компанија во светот по пазарна капитализација, објави во септември дека ќе плати 23,28 долари по акција за обични акции на „Интел“. На крајот, по цената утврдена во септемврискиот договор, купи повеќе од 214,7 милиони акции на „Интел“, соопшти компанијата.

Американските антимонополски агенции ја одобрија инвестицијата на Nvidia во Intel, според известувањето објавено од Федералната трговска комисија на САД претходно во декември.

Интел обезбедува финансиски инјекции од САД и Јапонија

Да потсетиме дека во август, американската влада неочекувано купи 10 проценти од акциите на „Интел“ за 5,7 милијарди долари, а во истиот месец, гигантот кој се бори со кризата и некогаш водечки производител на чипови во светот, обезбеди финансиска инјекција од 2 милијарди долари од јапонската „Софтбанк“.

Како што процени Ројтерс во септември, сопственичкиот удел на Nvidia во Intel веројатно ќе биде четири проценти или повеќе, што ја прави еден од водечките акционери на Intel.

Во тоа време беше посочено дека договорот меѓу Nvidia и Intel предвидува и заеднички развој на чипови, што би можело да ја промени конкуренцијата во секторот и да ги загрози позициите на тајванскиот TSMC и американскиот AMD.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни