Нутриционистка открива: Лицето покажува дали консумирате алкохол или никотин

Честото уживање во алкохол или употребата на никотински производи не се одразува само на здравјето одвнатре, туку остава видливи траги и на кожата.

Австралиската нутриционистка и експерт за нега на кожа, Фиона Так, вели дека со само еден поглед може да процени дали некоја личност редовно пие или пуши.

Најочигледниот знак е отокот на лицето. „Алкохолот е диуретик. Тој предизвикува губење течности и хранливи материи, а како одговор телото задржува вода, што доведува до привремено отекување,“ објаснува Так.

Но токму тука не завршуваат последиците. Алкохолот е токсин што предизвикува воспалителни реакции, па на кожата можат да се појават:

  • кафеави дамки
  • проширени капилари
  • безживотен тен
  • црвенило
  • губење колаген
  • брчки и затворени пори

Кронската консумација, додава Так, може да доведе до „воспалително стареење“, забрзан процес на стареење предизвикан од долготрајна нискоградна воспаленост. Дополнително, алкохолот ги опушта и проширува крвните садови, што прво доведува до руменило, а со време, до постојани промени на кожата и видливи капилари. Алкохолот исто така ги исцрпува витамините од групата Б, што уште повеќе го забрзува оштетувањето на кожата.

Последици од пушењето

Проблемите не се ограничени само на класичните цигари. Употребата на електронски цигари и вејп уреди носи слични ризици.

Пушењето го исцрпува витамин Ц и антиоксидансите, што доведува до губење еластичност, пад на колаген и појава на пигментации. „Кожата станува уморна, безживотна,“ предупредува Так.

Никотинот, и во цигарите и во е-цигаритe, ги стеснува капиларите и го намалува снабдувањето на кожата со хранливи материи, што го забавува нејзиното обновување. Хемикалиите во е-цигарите, пак, може да предизвикаат црвенило, воспаленија, па дури и дерматитис.

Дали штетите се трајни?

Одговорот, вели Так, не е едноставен. Зависи од тоа колку долго и колку интензивно некој консумирал алкохол или никотин. Кај некои луѓе, кожата може делумно да се опорави по прекинување на навиките, но кај други, долгорочните последици остануваат видливи.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни