Можеби внимавате што јадете, избегнувате преработена храна и мислите дека се грижите за вашето здравје, но сепак се чувствувате надуено и уморно. Според нутриционистите, одредени намирници кои често ги сметаме за здрави, всушност можат да предизвикаат воспаление, проблеми со варењето и дури да придонесат за зголемување на телесната тежина.
Еве три изненадувачки примери на храна што нутриционистите советуваат да ги избегнуваме ако се бориме со надуеност и дебелеење:
Протеински и гранола барови
Многу протеински плочки имаат нутритивни вредности слични на чоколади – но со повисока цена. „Повеќето од овие плочки содржат шеќерни алкохоли, кои се чест проблем во диеталните производи,“ предупредува докторот Крејг Примак. Нутриционистката Триста Бест додава: „Голем дел од протеинските барови имаат хранлива вредност слична на слатки.“
Дури и гранолата често е полна со шеќери, а понекогаш и со сируп од пченка богат со фруктоза, што може да предизвика воспаление во желудникот и развој на габи што предизвикуваат надуеност.
Житарки за појадок
Многумина уживаат во чинија слатки житарки наутро, но тие можат да имаат негативно влијание врз телото. „Овие житарки се обично направени од рафинирани житарици без влакна и есенцијални хранливи материи. Големото количество шеќер брзо го покачува шеќерот во крвта, а потоа доаѓа до нагло паѓање, што предизвикува воспаление и чувство на надуеност,“ објаснува нутриционистката Лиса Ричардс.
Јогурти со овошен вкус
Јогуртот може да биде добар избор за појадок, но само ако е природен, без додатоци. „Овошните јогурти често содржат големи количини додадени шеќери и вештачки ароми,“ вели нутриционистката Мина Булаји. Прекумерниот внес на шеќер може да го наруши балансот на цревната флора, да го намали бројот на корисни бактерии и да го зголеми бројот на штетни, што доведува до воспаление и зголемување на тежината.
Дополнително, вештачките бои и ароми може да предизвикаат и други проблеми, како мигрени и кожни реакции.
Дури и храна што ја сметаме за здрава може да има негативно влијание ако содржи скриени додатоци кои го нарушуваат дигестивното здравје. Важно е внимателно да ги читаме етикетите и да бираме природни, минимално обработени намирници.