Нутриционистите ги рушат митовите: Што е нездрава, а што здрава храна

Скоро и да не постои идеално мени на исхрана кое подеднакво ќе биде добро за сите луѓе. Нутриционистите сметаат дека секој човек има свои потреби, па следствено на тоа се одредува кој што треба или не да јаде, ако се одлучил за строг режим. Сепак, она на што предупредуваат експертите е дека разновидната исхрана е клучна за здрав живот, но и дека не постои магично мени т.н диета со која преку ноќ ќе се изгубат вишокот килограми.

Меѓутоа, некои правила за исхрана со кои треба да се изгубат килограми може дополнително да ја комплицираат ситуацијата и наместо да губите вие ќе качувате килограми, објаснува нутрициониската Пипа Кембел.

Таа е убедена дека постојат намирници за кои многумина сметаат дека се здрави, но всушност тие го забавуваат слабеењето.

Пипа наведува пет грешки што луѓето ги прават кога се на диета:

Здрава храна богата со шеќери или масти
Одредени овошја имаат висок процент на шеќер, па затоа треба да ги замените со алтернативи, како што се јагоди, боровинки и капини.

Диетална храна
Многу намирници со малку маснотии содржат додаден шеќер за да го подобрат нивниот вкус.

Пипа предлага да ги погледнете декларациите, кои ќе ви го кажат процентот на шеќер во производот и да се држите до стандардните правила како што се:

  • Изберете обичен јогурт и додадете ги вашите состојки, избегнувајте готови овошни јогурти.

Сокови
Треба да избегнувате дури и сокови како цеден портокал и да се држите до најдобриот пијалак за слабеење – водата. Доколку не сте љубител на „чиста“ вода, можете да додадете малку лимон или ѓумбир во неа.

Закуски
Пипа вели дека ако се обидувате да изгубите тежина, најдобро е грицките да ги сведете на минимум, бидејќи нема потреба да внесувате дополнителни калории.

Меѓутоа, ако не можете без грицки, Пипа предлага мал грст ореви или вегетаријански стапчиња.

Недостаток на протеини
Ако не внесувате доволно протеини, тоа може да ги забави ефектите на диетата, додека од друга страна, адекватниот внес на протеини ви помага да останете сити подолго време.

Според Пипа, на оваа листа се продукти кои можеби и не се штетни по здравјето ако се консумираат умерено, но со сигурност негативно влијаат на ефектите од диетата за слабеење:

банани
манго
грозје
цреши
авокадо
сирење
мрсна риба (како лосос)
ореви
маслиново масло
полномасен јогурт
кокосово масло
засладен јогурт со малку маснотии
житарки со малку маснотии
преливи за салата со малку маснотии
овошни сокови
комбуха

Извор: informer.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни