Иако во топлите денови е препорачливо да избегнувате алкохол, оние кои веќе се на одмор може да претераат со пијалок овие денови. Ако сакате да ги избегнете непријатните симптоми на мамурлакот, дефинитивно треба да внимавате што јадете. Се покажа дека овошјето со висока содржина на фруктоза помага во побрзо отстранување на алкохолот од телото.
Нутриционистот Ронда Патрик тврди дека е добро пред забавата да изедете банана или неколку кришки лубеница.
„Нема да почувствувате симптоми на мамурлак следното утро“, рече таа.
Грозјето е исто така ефикасно. Меѓутоа, доколку сакате да ги ублажите мачнините и главоболките со овошје, важно е да јадете цело, свежо овошје и да не пиете овошни сокови.
„Тие содржат многу шеќер, што предизвикува ненадеен скок на инсулинот во крвта и нема да помогне“, додал Патрик.
Инаку, се смета дека просекото и шампањот предизвикуваат најлош мамурлак, бидејќи содржат јаглерод диоксид, кој го менува начинот на кој алкохолот тече низ крвотокот и му помага на телото побрзо да го апсорбира алкохолот.
Ако сакате да избегнете или барем да го намалите интензитетот на главоболката, испијте чаша вода помеѓу два пијалоци. Исто така, пијте полека и не консумирајте алкохол на празен стомак.
Фото: pehels