Нуркање без боци – Респиратор кој извлекува кислород од водата

Младиот јужнокорејски дизајнер Џеабјун Јеон смислил многу интересен концепт кој треба да ни овозможи да останеме под вода (нуркање) онолку долго колку што сакаме, без ограничувањата на воздушните боци што нуркачите ги местата на грб пред да одат во длабочините. Системот, кој Јеон го нарече Тритон, се заснова на технолошки решенија кои веќе се тестираат во научни лаборатории.

Тритон е дизајниран како респиратор за дишење кој работи со вшмукување вода во вештачките жабри, односно систем за филтрирање кој има порозен материјал со дупки доволно големи за да пропушта кислород, но не и молекули на вода.

Кислородот потоа се испраќа во резервоарот со помош на микрокомпресор, и на тој начин нуркачите можат да го вдишат. Системот се напојува од микробатерија од новата технологија. Батеријата ќе биде 30 пати помала од постојните, а ќе може да се полни 1.000 пати побрзо. Со други зборови, вашиот престој под вода ќе биде ограничен само од траењето на батеријата што е потребно за работа на микрокомпресорот.

Јеон нагласува дека сите поединечни елементи неопходни за функционирање на овој систем веќе се развиваат од научници од корејски организации, компании и универзитети. Смета дека со својата иновација, потпомогната од сите вклучени истражувачи, ќе направи голем поттик за нешто што целосно ќе го промени односот на човекот со природата, односно водата.

Извор: vidi.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни