Денес ќе се одржи Третата еко-акција за чистење на Охридското Езеро! Нуркачи, волонтери и љубители на природата повторно се обединија со заедничка цел – зачувување на езерото и неговата природна убавина.
,Ве покануваме да ни се придружите и да дадете свој придонес во чистењето на крајбрежјето и подводниот свет. Настанот е и одлична можност за дружење, размена на искуства и промоција на еколошката свест”, порачуваат од Клубот за подводни активности ,,Норкач”.
Потврдена е учество од сите поголеми клубови за подводни активности од Македонија, како и гости од соседните земји кои ќе ни се придружат во оваа заедничка мисија за почисто Охридско Езеро.