НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово го објави повикот за „Самоуки 2025“

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ги повика неакадемските  уметници од Куманово да учествуваат со три дела по свој избор на традиционалната изложба „Самоуки 2025“, информираа денеска надлежните од НУЦК.

-Јавно ги повикуваме сите неакадемски уметници од Општина Куманово да земат учество на оваа изложба конкурирајќи со три дела по сопствен избор. Селекција на сите пристигнати дела ќе направи стручна комисија при Центарот и ќе ги извести учесниците за примените дела. Рокот за пријавување трае до 30 мај, годинава, повикаа од кумановскиот центар за култура.

Инаку, изложбата во Куманово се организира од 1991 година. По паузата во периодот од 2012 до 2017 година традиционалната ликовна манифестација „Самоуки“ повторно последниве години се најде пред љубителите на визуелните уметности.

Традиционалната изложба „Самоуки 2025“ е дел од годишната програма за изложби на националната установа. Изложбата ќе биде отворена во јуни, годинава. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни