НУ „Музички Ансамбал на Република Северна Македонија” – Тетово со големо задоволство го најавува Новогодишниот концерт, кој ќе се одржи на ден 28.12.2024 (сабота), со почеток во 19:00 часот, на сцената на Центарот за култура во Тетово.
На завршниот концерт, во рамки на Годишната програма на НУ „Музички ансамбл на Република Северна Македонија” – Тетово, ќе бидат изведени најголемите поп хитови, од познати бендови и солисти како Стинг, Мајкл Бубле, Тина Тарнер, Андеа Бочели и многу други, во изведба на наши познати изведувачи, солистите: Фјола Ибраими, Леотрим Зејнула, Елита Зибери, Шпетим Мустафа и Вулнет Незири, пратени од професионален оркестар под диригентската палка на Премтим Етеми.
Вршителот на должноста директор на НУ Музички ансамбл Тетово ги поканува љубители на модерна музика на незаборавен музички настан во пресрет на празничната магија која ја носат новогодишните празници.
„Ги правиме последните подготовки за завршниот Новогодишен концерт. Внимателно избравме програма во која публиката ќе има можност да ужива во најпознатите музички хитови во изведба на наши домашни музички уметници и млади надежни таленти”, истакна ВД директорот Ардиан Исмаили.
Ден претходно, во петок, 27.12.2024, во Државното музичко училиште Т.С Тетоец – Тетово, со почеток во 20:00 часот, Националната установа Музички ансамбл – Тетово организира „Концерт на млади таленти”, со цел да ги поддржи и промовира младите уметници кои постигнале значајни успеси на меѓународни натпревари.
Младиснкиот оркестар ќе биде предводен под диригентската палка на Агона Чупи, а уметнички раководител и координатор на проектот е познатиот професор и пианист Шклзен Бафтиари.
На програмата ќе бидат изведени познати дела од композитори на класичната музика, а концертот треба да послужи како сцена, на која младите и перспективни уметници ќе ја покажат и докажат нивната уметничка умешност и виртуозност.
За концертите влезот е бесплатен и истите се под покровителство на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.