Новозеландскиот премиер: Мораме да ги забраниме социјалните мрежи за лица под 16 години

Застапничката Кетрин Вед, авторка на законот и мајка на четири деца, изјави дека семејствата и родителите мора да имаат поголема поддршка во надзорот на дигиталната изложеност на нивните деца.

Новозеландскиот премиер Кристофер Луксон предложи забрана за пристап до социјалните мрежи за деца и тинејџери под 16 години, неколку месеци по слични мерки што беа воведени во Австралија.

Предлог-законот, кој треба да биде одобрен и од партнерите во владејачката коалиција, ги обврзува платформите да преземат конкретни мерки за да спречат пристап на малолетници. Компаниите кои нема да се придржуваат кон овие обврски може да се соочат со казни до околу еден милион евра. Засега не е прецизирано на кои социјални мрежи ќе се однесува законот.

„Станува збор за заштита на децата“, изјави Луксон, додавајќи дека, иако социјалните мрежи носат многу придобивки, не се секогаш безбедно место за младите. Тој истакна дека е време платформите да преземат одговорност и да ги заштитат ранливите корисници.

Текстот на законот го состави неговата Национална партија, а за да биде усвоен, ќе мора да добие поддршка и од двете други коалициски партии.

Австралија веќе има донесено сличен закон кој треба да стапи на сила до декември. Кина уште од 2021 година забранува пристап до социјални мрежи за малолетници и бара идентификација со документи. Децата под 14 години не смеат да користат Douyin (кинеска верзија на TikTok) повеќе од 40 минути дневно.

Застапничката Кетрин Вед, авторка на законот и мајка на четири деца, изјави дека семејствата и родителите мора да имаат поголема поддршка во надзорот на дигиталната изложеност на нивните деца.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни