Новото раководство на Paramount ги кратки трошоците – стотици остануваат без работа

Компанијата Paramount објави дека ќе отпушти околу илјада вработени, а меѓу најпогодените е редакцијата на CBS News, каде што речиси сто новинари и техничари останале без работа. Според The Guardian, ова е дел од поширок план за намалување на трошоците по спојувањето на Paramount со Skydance Media.

Атмосфера на страв и неизвесност

Вработените во CBS News со месеци очекуваа ваков потег, откако компанијата најави двојно намалување на буџетот во вредност од две милијарди долари. Еден од вработените ги опиша отпуштањата како „крвопролевање“, нагласувајќи дека засегнати се повеќе оддели, додека друг ги нарече мерките „психолошки исцрпувачки“ и додаде: „Изгледа како никој да не е безбеден.“

Затворени канцеларии и укинати емисии

Во рамките на реструктурирањето, телевизиската мрежа го затвори својот дописништво во Јоханесбург и ги укина стриминг-емисиите „CBS Mornings Plus“ и „CBS Evening News Plus“. Суботниот утрински програм ќе добие нов формат, а одделот за раса и култура е речиси целосно укинат, потврди извор близок до компанијата.

Порака од новото раководство

Главниот извршен директор на обединетата компанија Paramount Skydance, Дејвид Елисон, им се обрати на вработените преку интерен допис:
„Во некои области ги отстрануваме преклопувањата во организацијата. Во други, постепено ги укинуваме позициите кои повеќе не се усогласени со нашите нови приоритети и насоката кон раст. Овие чекори се неопходни за да го позиционираме Paramount за долгорочен успех.“

Новата главна уредничка на CBS News, Бари Вајс, накратко се осврна на ситуацијата, велејќи дека пред сите стои „исклучително тежок ден“:
„Жал ми е за сите кои со години работеа посветено за оваа куќа. Сакам сите да знаат дека моите врати се отворени,“ рече Вајс.

Ова е еден од најголемите бранови отпуштања во поновата историја на CBS News. Последниот поголем случај се случи во мај 2020 година, во екот на пандемијата, кога беа отпуштени околу 50 лица.

Овој пат, отпуштањата следат по најавата дека еден од најпознатите новинари на мрежата, Џон Дикерсон, ќе ја напушти компанијата до крајот на годината – што најавува реорганизација на емисијата „CBS Evening News“. Пред кратко време си замина и директорката на одделот за новинарски стандарди, Клаудија Милн.

Во дописот, Елисон им се заблагодари на сите кои си заминуваат:
„Длабоко сме благодарни за вашата посветеност, професионалност и издржливост во овој тежок период на транзиција. Убедени сме дека најдобрите денови за Paramount допрва доаѓаат.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни