Новоизграден пат се сруши во Крагуевац, Србија

За среќа, овој дел од патот сè уште не е официјално отворен и не е пуштен во употреба, па освен материјална штета нема човечки жртви

Новоизграден пат се урна во близина на Центарот за извонредност во населбата Бубањ во Крагуевац, објвија српските медиуми.

За среќа, овој дел од патот сè уште не е официјално отворен и не е пуштен во употреба, па освен материјална штета нема човечки жртви.

Дел од свлечиштето завришло во соседната парцела каде се гради станбена зграда

Проблемите со уривањето на потпорните ѕидови и дел од пристапниот пат во близина на Центарот на извршниот комплекс се уште се актуелни, објави крагуевачкиот портал „ Гласот на Шумадија “ .

– Имено, уривањата стануваат сè почести, а стабилноста на теренот е сè уште загрозена, што предизвикува незадоволство и загриженост кај граѓаните, пишува „Гласот на Шумадија“

Инаку проектот за изградба на Научниот центар за изовнредност чиј дел е и пристапниот пат е децениски проект започнат уште во времето на претходникот на Александар Вучиќ, Томислав Николоќ, но до денес тој се уште не е пуштен во употреба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни