Новогодишните пакетчиња за деца ќе бидат под инспекциска контрола

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почнува со спроведување засилени, вонредни контроли кај операторите со храна. Со цел заштита на здравјето на најмладата популација потрошувачи – децата, акцент со контролите ќе се стави на новогодишните пакетчиња и нивната безбедност.

-Како одговорна институција за безбедноста на храната, заштита на здравјето на граѓаните и нивните права како потрошувачи, АХВ апелира до операторите со храна да бидат одговорни и да не се обидуваат да манипулираат со потрошувачите, особено со новогодишните пакетчиња, во збирното пакување подметнувајќи и небезбедни производи, најчесто со поминат рок на употреба, наведува АХВ и додадава дека за ваквите недоследности, граѓаните веќе алармираат до Агенцијата.

Со засилените контроли кај операторите со храна ќе се утврдува исполнетоста на општите и посебните услови за безбедност на храната, акцент ќе се стави на означувањето, особено на трајноста на производите и заштита на потрошувачите од измама.

-И граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и храна да купуваат од регистрирани/одобрени објекти кои се под контрола на инспекциските служби на АХВ. Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата, апелира АХВ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни