Новогодишна порака на Путин: „Голема Русија“ ќе ги оствари своите цели

Рускиот претседател Владимир Путин во новогодишното обраќање изрази уверување во победа во Украина и порача дека „голема Русија“ ќе ги постигне своите цели, без да спомене мировни преговори.

Рускиот претседател Владимир Путин во својата новогодишна порака изрази уверување во победа во Украина, речиси четири години по почетокот на руската инвазија.

„Им честитам на нашите борци и команданти за почетокот на Новата година! Веруваме во нив и во нашата победа“, изјави Путин, според текстот од снименото видео-обраќање што во средата го објавија државните медиуми.

Пораката најпрво беше објавена на Камчатка, каде што 2026 година започна во 12 часот по Гриничко време (GMT).

Путин повторно ги нарече руските војници во Украина херои.

„Ве уверувам дека милиони луѓе низ цела Русија се со нив оваа новогодишна вечер. Мислат на нив, сочувствуваат со нив и се надеваат за нив. Обединети сме во нашата искрена, несебична и посветена љубов кон Русија“, рече Путин.

Рускиот претседател не ги спомена преговорите со Соединетите Американски Држави за ставање крај на војната во Украина, ниту пак изрази надеж за мир.

Тој нагласи дека „голема Русија“ ќе ги оствари своите цели.

Новогодишната порака на Путин традиционално се емитува на полноќ во секоја руска регија, кои се протегаат низ повеќе временски зони.

Последни што ќе влезат во 2026 година ќе бидат жителите на Калининград на Балтичкото Море, во 22 часот по GMT, додека Москва Новата година ќе ја дочека во 21 час по GMT.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни