На местото на шаторската населба, таканаречениот Чациленд, пред Собранието на Србија денеска осамна новогодишен базар. Шаторите биле отстранети во текот на ноќта, а на нивно место се поставени монтажни објекти украсени со новогодишни и божиќни симболи.
Иако првично се шпекулираше дека тука ќе биде божиќно село, на крајот сепак ќе биде организиран новогодишен базар.
Кон Плоштадот Никола Пашиќ се поставени украсени новогодишни елки.
По девет месеци, просторот конечно е прооден за граѓаните.
Се очекува новогодишниот базар да трае до 3 јануари, кога би требало повторно да започне и јавниот превоз пред Народното собрание, на местото на поранешниот Ќациленд.
Исто така, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека до крајот на јануари шаторите треба да бидат отстранети и од Пионирскиот парк.
