Ново правило во европските ресторани: Минимална потрошувачка како услов за влез

Во сè поголем број ресторани ширум Европа се појавува нов тренд што на многумина нема да им се допадне – поставување минимален износ на потрошувачка како услов за влез или резервација.

Според хрватските медиуми, една туристка споделила искуство од италијански ресторан во Салцбург, каде што на влезот стоел натпис: „Влез дозволен само ако планирате да потрошите минимум 20 евра по лице“. Таа и нејзината пријателка, иако веќе биле изморени, морале да нарачаат десерт покрај пицата и пијалокот за да го достигнат бараниот износ.

Овој тренд не е ограничен само на рестораните. Во Грција, на пример, е веќе вообичаено да се бара „минимална консумација“ за користење лежалки на плажа – од 5, 10, па дури и 20 евра, без посебна наплата за самата лежалка.

Исто така, неколку познати ресторани во Лондон вовеле обврска за минимална потрошувачка како услов за резервација, со цел да се избегнат загуби од откажани или непосетени термини. Така, ресторанот „Gymkhana“ (со две Michelin ѕвезди) бара минимум потрошувачка од 100 фунти по лице, „Chutney Mary“ – 60 фунти, а ексклузивниот суши ресторан „Araki“ дури 300 фунти.

Ваквите мерки се објаснуваат со последиците од пандемијата – намален број на работници, повисоки трошоци за храна и енергенси, и зголемени плати. Затоа, сè повеќе ресторани се одлучуваат за вакви правила со цел да обезбедат профитабилност.

Во некои делови на Франција, пак, автоматски се додава 15% напојница на сметката, а се препорачува и дополнителна наплата.

„Ако седите со едно пиво цела вечер – не ве сакаат повеќе“, вели еден угостител за Daily Mail, опишувајќи како концептот на „луксузен третман“ сега важи и за обичните ресторани, не само за ноќните клубови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни