Бразилските научници открија дека омега-3 масните киселини од рибиното масло го намалуваат воспалението и го подобруваат метаболизмот на гликозата, што може да ја олесни контролата на шеќерот во крвта.
Новите истражувања покажуваат дека рибиното масло може да ја подобри чувствителноста на инсулин кај луѓето со дијабетес тип 2 кои не се дебели.
Како рибиното масло влијае на инсулинот?
Рибиното масло е богато со омега-3 масни киселини, особено еикозапентаеноична (EPA) и докосахексаеноична (DHA), кои се познати по своите антиинфламаторни својства. Научниците веруваат дека овие супстанции помагаат да се намали отпорноста на инсулин со пренасочување на имунолошкиот одговор на телото од проинфламаторна во антиинфламаторна состојба.
Како дел од истражувањето, на глувците им се давало рибино масло три пати неделно во доза од два грама на килограм телесна тежина, што содржи 540 mg/g EPA и 100 mg/g DHA.
По осум недели, забележани се значителни подобрувања во чувствителноста на инсулин, како и намалување на вкупниот холестерол, LDL или „лошиот“ холестерол и нивото на триглицериди. Овие резултати сугерираат дека рибиното масло може да игра важна улога во регулирањето на шеќерот во крвта кај луѓето со отпорност на инсулин.
Што значи ова за луѓето со дијабетес?
Кај луѓето кои не се дебели, но имаат дијабетес тип 2, отпорноста на инсулин може да биде поврзана со генетиката, а не само со телесната тежина. Научниците веруваат дека рибиното масло може да биде корисен додаток во терапијата, но потребни се дополнителни истражувања за да се потврдат истите ефекти кај луѓето.
Засега експертите советуваат да се консумира омега-3 преку исхрана богата со масни риби како лосос, скуша и сардина, а пред употреба на суплементи се препорачува да се консултирате со лекар.