Ново издание на фестивалот „Гластонбери“ голем број музички ѕвезди и над 200.000 постители дневно

Гластонбери се одржува крај малото место Пилтон, а оваа година на познатата ледина дневно престојуваат над 200.000 посетители

Со настап на популарниот британски поп бенд „1975“ се заокружи првата вечер од еден од најпознатите светски фестивали „Гластонбери“ во Англија.

Почнувајќи од 1970 година, фетивалот во Гластонбери на едно место ги собира најзвучните музички имиња во светот, а на познатата „пирамида“ досега настапиле стотици врвни имиња.

Така е и годинава каде на главната сцена настапуваат докажани музичи имиња како „Alanis Morissette“ Neil Young, Olivia Rodrigo „Kaiser Chiefs“ Rod Steward и други.

Фестивалот Гластонбери се одржува крај малото место Пилтон во југозападна Англија, а оваа година на познатата ледина дневно престојуваат над 200.000 посетители сместени во шатори во камп зоната.

Покрај музичкиот дел кој се одржува на неколку сцени, постои и богата придружна програма, а најголемо изненадување се таканаречените тајни шоуа кои се изведуваат на некоја од локациите во кампот од страна на светски ѕвезди.

Следната година нема да има фестивал

Фестивалот се одржува на едно од бројните пасишта, па со одлука на организаторите следната, 2026 година нема да се одржува фестивалот.

Причина за тоа е за да се обнови тревната површина од која пасат стотици илјади крави и друг вид на добиток кој го одгледуваат тамошните сточари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни