Ново истражување открива дали навистина се додаваат килограми во бракот

Новото истражување покажува невообичаена врска помеѓу бракот и телесната тежина.

Тим од Националниот институт за кардиологија во Варшава, Полска, откри дека бракот всушност може да доведе до прекумерна тежина или обезност – но тоа не влијае исто за мажите и жените.

За мажите, бракот тројно го зголемува ризикот од обезност и го зголемува ризикот од прекумерна тежина за 62 проценти.

Од друга страна, брачниот статус не влијаел на ризикот од обезност кај жените, но го зголемил ризикот од прекумерна тежина за 39 проценти.

Дебелината го зголемува ризикот од дијабетес тип 2, висок крвен притисок, кардиоваскуларни болести и неколку видови на рак.

Во најновото истражување, авторите на студијата ги анализирале податоците на 2.405 луѓе (половина жени, половина мажи), со просечна возраст од 50 години. Од оваа популација, 35,3 проценти биле со нормална тежина, 38,3 проценти биле со прекумерна тежина, а 26,4 проценти биле обезни.

Иако бракот се поврзува со зголемување на телесната тежина кај двата пола, беше пронајдена позначајна поврзаност помеѓу бракот и дебелината кај мажите, при што оженетите мажи 3,2 пати поголеми шанси да бидат обезни од самците.

Авторите на студијата не нашле значајна разлика во дебелината меѓу мажените и невенчаните жени, а оваа разлика ја припишуваат на родовите ставови кон дебелината кај мажите во споредба со жените.

Оваа информација се надоврзува на претходните студии кои откриле дека мажите имаат поголема веројатност да се здебелат по бракот отколку жените.

Претходна студија, објавена во списанието „Economics & Human Biology“ конкретно покажа дека бракот има значително влијание врз индексот на телесна маса (БМИ) кај мажите во првите пет години од бракот.

Експертите забележале дека овој скок на БМИ се случил затоа што мажите имаат тенденција да јадат повеќе и да вежбаат помалку додека нивниот брак напредувал.

Претходните истражувања покажаа дека оженетите имаат тенденција да имаат значително поголем БМИ од слободните, откривајќи дека колку некој е позадоволен во интимната врска, толку е поголема веројатноста да станат дебели.

Во однос на возраста како независен фактор на ризик, најновата студија покажа дека секоја година од животот го зголемува ризикот од прекумерна тежина и дебелина кај двата пола.

Истражувањето на 8.000 луѓе покажа дека жените кои живеат во заедници имаат 46 отсто поголеми шанси да живеат со дебелина и 42 отсто поголеми шанси да бидат со прекумерна тежина. Од друга страна, кај мажите ваквата животна ситуација не го зголемила ризикот за ниту една од овие состојби.

Истражувачкиот тим сака да ги истражи социјалните, психолошките и еколошките фактори кои влијаат на зголемувањето на телесната тежина кај жените во споредба со мажите.

„Возраста и брачниот статус имаат непобитно влијание врз животот со прекумерна тежина или обезност во зрелоста, без разлика на полот“, велат авторите на студијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни