Истражувањето опфатило повеќе од 500.000 учесници од британската биобанка (UK Biobank). Научниците утврдиле дека кај лицата кои пијат инстант кафе и имаат одредена генетска предиспозиција, ризикот од развој на т.н. „сув облик на AMD“ е зголемен за дури 700%.
„Ова генетско преклопување укажува на можни заеднички биолошки патишта што ја поврзуваат склоноста кон инстант кафе со ризикот од AMD,“ вели д-р Сивеј Лиу од Одделението за офталмологија при болницата Таихе во Кина, за Medical News Today.
AMD го оштетува макулата – малиот дел од мрежницата задолжен за јасен централен вид. Како што болеста напредува, пациентите забележуваат заматени дамки, тешкотии при читање и на крајот – траен губиток на видот.
Иако возраста и генетиката се фактори што не можеме да ги промениме, стилот на живот – вклучувајќи исхрана, физичка активност и пушење – игра значајна улога. Сега, на таа листа се приклучува и видот на кафето што го пиеме.
„Кафето е едно од најконсумираните пијалаци во светот и е богато со полифеноли и антиоксиданси, кои можат да имаат невропротективно дејство,“ додава Лиу. „Но, не сите видови кафе се еднакво корисни.“
Тој истакнува дека е потребно понатамошно истражување за да се утврди дали инстант кафето директно придонесува за развој на AMD или дали се работи за сложена врска помеѓу генетиката и исхраната.
Научниот тим планира да ги потврди овие резултати и во други популации, како и да спроведе долгорочни анализи за да ја открие причинско-последичната врска помеѓу инстант кафето и влошувањето на видот.
Заклучок: ако имате генетска предиспозиција или проблеми со видот – можеби е време да преминете на филтер или еспресо кафе. Очите ќе ви бидат благодарни.