Археолозите откриле изненадувачки нови докази кои сугерираат дека Неандерталците биле многу попаметни од тоа што се сметало досега.
При ископувањата во близина на Пиринеите во Шпанија биле откриени над 29 илјади артефакти, вклучувајќи и камено оружје и животински коски, што сугерира дека древните примати биле вешти и интелигентни ловци.
Животинските коски откриени на локалитетот покажуваат дека нашите претци ги планирале своите оброци врз основа на опкружувањето и развиле алатки специфични за убивање на големи животни како бизони, но и за помали како зајаци.
Наодите откриваат дека неандерталците биле во состојба да се прилагодат на својата околина, доведувајќи ја во прашања репутацијата која ја имаат како архаични и бавни пештерски луѓе.
Истражувачите од Австралискиот национален универзитетот го прегледале подножјето на Абрик Пизара, локалитет кој датира од пред 100.000 до 65.000 години, период наречен MIS4. Во тој регион се наоѓаат голем број на пештери и засолништа во карпите кои биле дом на неандерталците.
Според наодите на истражувачите, овие нови откритија ги оспоруваат широкораспространетите верувања дека неандерталците ловеле само големи животни како коњи и носорози.
Извор: Б92