Новите M5 чипови ќе донесат перформанси на сервери во компјутерите на Apple

Серијата чипови на Apple M4 веќе се наоѓа во најновите Mac компјутери, додека според тврдењата на познатиот аналитичар на случувања во американската компанија Минг-Чи Куо, новата серија M5 се очекува во првата половина на 2025 година.

Во очекување на неговото пристигнување, Куо вели дека генерацијата M5 чипови ќе се произведува со помош на процесот N3P 3nm на TSMC, како и со 5 до 10 проценти помала потрошувачка на енергија и до 5 проценти подобри перформанси во споредба со чиповите од генерацијата M4.

Основната верзија на Apple M5 чипот се очекува да влезе во масовно производство во првата половина на 2025 година, по што ќе следат верзиите M5 Pro/Max во втората половина, додека M5 Ultra е резервиран за 2026 година.

Куо вели дека Apple ќе користи систем на интегрирани чипови на „ниво на сервер“ (SoIC-mH) изграден заедно со чиповите M5 Pro/Max и Ultra. Овој тип на дизајн на чипови користи 30 до 50 проценти помалку простор од конвенционалниот чипсет, што треба да доведе до подобри термички перформанси и помалку проблеми во работата.

Исто така, според Куо, се очекува дека Apple ќе ги одвои дизајните на својата централна (CPU) и графичка (GPU) процесорска единица во M5 серијата чипови, што би требало да доведе до значително зголемување на перформансите.

Новата серија на чипови M5 на Apple, исто така, би требало да понуди значителен поттик за задачите со вештачка интелигенција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни