Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, наводно бил ранет во нозете во првите денови од американско-израелските напади врз Иран, објави The New York Times, повикувајќи се на израелски и ирански официјални извори.
Според извештајот, 56-годишниот Хамнеи бил повреден уште на првиот ден од нападите. Тој неодамна беше прогласен за наследник на својот татко, долгогодишниот врховен лидер на Иран, кој беше убиен на почетокот на конфликтот.
Американскиот весник наведува дека повредите на нозете би можеле да објаснат зошто новиот врховен лидер досега не се појавил во јавноста ниту на видео-снимки по неговото назначување.
Информацијата засега не е официјално потврдена од иранските власти.