Бендот Coldplay го објавуваат својот нов албум Moon Music со посебна мисија – секој 140-грамски винил ќе биде направен од 9 рециклирани пластични шишиња, собрани од реката Рио Лас Вакас во Гватемала!

Во соработка со холандската непрофитна фондација The Ocean Cleanup, бендот помага во спречување на пластичниот отпад да заврши во Атлантскиот Океан. Со ова, процесот на производство на винилот ќе има 85% помалку CO2 емисии во споредба со традиционалниот начин.
Interceptor 006, системот за чистење на реките, веќе има уловено огромни количини пластика, која сега добива нов живот – во форма на музика!