За сите мои драги скопјани „мониторирачи“ на ситуациите во светот, овој бар е наменет за нас.
Нешто слично како спортски бар, само нареден со монитори кои ги следат сите светски канали за вести, дешборди со 𝕏 во живо, агрегатори на вести, Pentagon Pizza Tracker, мапи на светот со означени бази и Carrier Strike Groups на америчката војска, Polymarket и Kalshi…
Главното јадење ќе биде пица, главните пијачки: кафе и енергетски пијалаци.
Сите шанкери ќе бидат обучени да разговараат за дневните случувања или ќе бидат од политички науки.