Новиот сој на коронавирусот „Франкенштајн“ доминира во Европа, но е без сериозни симптоми

„Секое лице кое моментално има симптоми на настинка, болно грло и болки во телото може да има Ковид“, рече д-р Дијана

Нов сој на коронавирусот, означен како XFG и наречен „Франкенштајн“, стана доминантен во Европа, а според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), овој сој учествувал со повеќе од 80 проценти од регистрираните инфекции на почетокот на септември.

Како што објаснува инфектологот Алесандро Дијана, експерт за платформата InfoVac, станува збор за варијанта што е комбинација од два подвида на омикронската варијанта, објави швајцарскиот јавен сервис РТС.

Иако новиот сој е значително позаразен, не се смета за поопасен во однос на сериозноста на симптомите, а клиничката слика останува слична, со симптоми на кивање, болки во грлото и болки во мускулите.

„Секое лице кое моментално има симптоми на настинка, болно грло и болки во телото може да има Ковид“, рече д-р Дијана.

Тој нагласува дека достапните вакцини се сè уште ефикасни против оваа варијанта на вирусот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни