Новиот мурал што осамна на улица во Лондон ги поттикна сомнежите дека е дело на Бенкси

Уметничко дело кое се појави во текот на ноќта на ѕид од зграда во близина на паркот Финсбери во Лондон во неделата ги поттикна сомнежите дека станува збор за  дело на уличниот уметник Бенкси.

Голема површина од ѕид обоена со зелена боја што се наоѓа веднаш зад исечено дрво со гранки и затоа потсетува на раззеленето дрво, а во долниот дел од муралот има личност што држи црево за наводнување.

Џејмс Пик, кој ја создал серијата на ББС Радио 4, Приказната за Банкси, побрзал да го види делото откако добил дојава.

„Како и секогаш – со Бенкси никогаш не се знае, се додека тој не се пофали со тоа што ќе го објави на својата веб-страница“ – истакна тој.

Недостижниот уметник официјално ја потврдува својата работа со објавување слики на неговата веб-страница и социјалните мрежи – што сè уште го нема направено за дрвото Финсбери.

Но, г-дин Пик изјави дека уметничкото дело, кое се појави на Хорнси Роуд во северен Лондон,
„ги има сите белези“ на Бенкси. „Ги има вистинските техники, сигурно има лесно разбирлива порака, многу паметна локација и резонира во секундата кога ќе го видите“.

„Пораката е јасна“, рече тој. „Природата се бори и на нас останува да и помогнеме да расте“. Ако се вратите назад на почетокот на неговата работа, тој секогаш бара нешто што може да го направи со минимален напор а истовремено тоа да изгледа навистина кул“.

Говорејќи во програмата на Би-Би-Си Радио 4, г-дин Пик рече дека со инкорпорирање на дрво во уметничкото дело, уметникот „го решил проблемот“ на луѓето кои се обидуваат да ја украдат работата на Бенкси.

Локалните жители, исто така, се огласија на социјалните мрежи по изгледот на уметничкото дело.

Еден од нив напиша: „Бенкси дојде преку ноќ и сега мојата кирија вртоглаво ќе порасне“.

Друг додаде:  „Горди чувари на новото дело на Бенкси во паркот Финсбери… Се разбудив утрово со овој поглед “.

Извор: https://www.bbc.com/news/uk-68592907

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни