Новиот Мерцедес на Папата е првиот електричен папамобил!

На почетокот на декември, Папата го доби првиот електричен папамобил од германски производител на автомобили. Ова значи дека неговите идни локални патувања нема да испуштаат штетни емисии.

На Бадник според Грегоријанскиот календар, папата Фрањо свечено ја отвори Светата врата во базиликата Свети Петар во Рим, со што започна прославата на јубилејната односно Светата 2025 година. Непосредно пред т.н Јубилеј 2025 година, на почетокот на месецот, Папата доби папамобил од Мерцедес-Бенц, кој за прв пат во историјата е електричен автомобил. Ова значи дека неговото локално патување повеќе нема да ослободува штетни емисии, известува Climate 101.
„Со новиот папамобил, папата Франциск е првиот папа кој патува со целосно електричен Mercedes-Benz за време на неговите јавни настапи“, изјави извршниот директор на Mercedes, Ола Калениус.„Со овој папамобил испраќаме јасен повик за електромобилност и декарбонизација“, рече Калениус.

Германскиот производител на автомобили го испорача првиот папамобил во далечната 1930 година и оттогаш редовно соработува со Ватикан. Во последните 45 години, папамобилот е Mercedes G-Class, но возилото е специјално приспособено за потребите на поглаварот на Католичката црква, а тоа е случај и со овој електричен автомобил.
Во задниот дел на папамобилот има централно поставено, ротирачко седиште, кое овозможува флексибилно движење и обраќање до публиката од различни агли. Зад папата, лево и десно, вградени се уште две индивидуални седишта за дополнителни патници.
Отворен покрив
Автомобилот е опремен со покрив кој може да се спушти или подигне за безбедност на папата. По обидот за атентат врз папата Јован Павле Втори во 1981 година, користен е покрив отпорен на куршуми, но папата Франциск чувствува дека стаклото го дели од верниците и претпочита да се вози во отворено возило.

Зборувајќи за ова во една прилика, папата Фрањо изјави:
„Не можам да ги поздравувам луѓето и да им кажам дека ги сакам во конзерва од сардини иако е направена од стакло. За мене тоа е ѕид“.
Бидејќи малите брзини се неопходни за време на јавни настапи, електричниот попамобил е прилагоден и на ова барање.

И покрај модернизацијата на транспортните средства на папата, традицијата сè уште се почитува… Слично како и повеќето претходни возила на поглаварот на Католичката црква, електричниот папамобил е бел и има регистарска табличка SCV 1. SCV е кратенка од латинскиот термин за државата Ватикан, Статус Civitatis Vaticanae.
Новиот мерцедес со нулта емисија е во согласност со зелените аспирации на папата Франциско, кои беа отелотворени и во неговото писмо од 2015 година до црквите и верниците, насловено „Laudato Si“. Во него, папата отворено го критикуваше неодговорниот економски развој и консумеризмот и изрази длабоко жалење за уништувањето на животната средина и глобалното затоплување, но и ги повика сите луѓе да преземат брза, обединета акција.
Планот е и следните да бидат електрични.
Планот е секој нареден папамобил до 2030 година да биде и електричен.
Ватикан има за цел да ја декарбонизира целата своја флота до крајот на деценијата. Доколку успее во овој потфат, таа ќе биде првата земја во светот која ќе има исклучиво електрични возила, неутрални од јаглерод.
Иако е најмалата земја во светот, напорите на Ватикан во енергетската транзиција имаат големо влијание – и тие не се однесуваат само на транспортот.
На почетокот на оваа година, на летната краткоденица, 21 јуни, папата Франциско најави изградба на соларна централа на имот во сопственост на Ватикан, на околу 20 километри од Рим. Чистата сончева енергија би можела целосно да ја покрие потрошувачката на Ватикан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни