Новиот филм на Леонардо ДиКаприо руши 23 години стар рекорд на Rotten Tomatoes

Првиот заеднички проект на режисерот Пол Томас Андерсон и холивудската ѕвезда Леонардо ДиКаприо – филмот „Една битка по друга“ – веќе поставува нови рекорди.

Иако штотуку стигна во кината, филмот доби исклучително позитивни критики и во моментот има неверојатни 98% рејтинг на Rotten Tomatoes врз основа на 161 рецензија.

Со ова, „Една битка по друга“ стана најдобро оценет филм во долгата кариера на ДиКаприо, симнувајќи го од врвот филмот „Фати ме ако можеш“ (2002) на Стивен Спилберг, кој со години го држеше рекордот со 96%.

„Жестоко политички, полн со црн хумор, автомобилски потери и заглушувачки престрелки – филмот не наликува на ништо што Андерсон претходно снимил“, напиша критичарот Крис Еванџелиста од Slash Film, прогласувајќи го за „најдобар филм на годината“.

Меѓу другите високо оценети дела на ДиКаприо се „Убиците од цветната месечина“ (93%) и „Двострука игра“ (91%), која освои и Оскар.

Филмот е инспириран од романот Vineland на Томас Пинчон и ја следи приказната за група поранешни револуционери кои, по 16 години, повторно се обединуваат за да спасат ќерка на еден од нив.

Покрај ДиКаприо, кој го игра остарениот активист Бен Фергусон, во филмот настапуваат и Шон Пен, Бенисио дел Торо, Регина Хол, Тејана Тејлор и дебитантката Чејс Инфинити.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни