Повторно шведски филмови, во Кинотеката на летната сцена. Овој пат, селекција од современата шведска документарна продукција. Што создадоа креативците од скандинавската документарна школа ќе може да видите овој месец и тоа по цена на билети од 150 денари. Почнувајќи со историјата на квир и транс културата во Шведска, преку приказ за животот на домородното население, до општествено ангажирани теми. Ова е само дел од тоа што ќе може да се види, да се коментира. Кинофилите ќе имаат можност да проследат и документарен филм за културата на канабисот, последниот филм на Миа Хансен-Лав со француската фам фатал Лејла Сејду во главната улога, како и нестрпливо очекуваната премиера на новиот филм на Кристофер Нолан, биографскиот еп Опенхајмер.
Опенхајмер, последното филмско остварување на Кристофер Нолан, е еден од најочекуваните холивудски филмови последниве години. Филмот е епска приказна за Роберт Опенхајмер и неговата улога во развивањето на атомската бомба.
Возрасна категорија за овој филм е над 16 години, а влезницата чини 200 денари.
Филмот ќе се прикажува три дена и тоа на 24, 25 и 26 август со почеток во 20 часот.
Крајот на месецот е резервиран за фестивалот на нем и класичен филм, кој ќе се одвива во рамки на три дена, 29, 30 и 31 август.
Целата програма на следниов линк.