Новиот данок за пратките од Тему и Алиекспрес ги обедини Македонците – Реакциите продолжуваат да растат

Најавата за воведување на данок на малите пратки од странство предизвика бурни реакции од јавноста.

Овој предлог, кој го достави Владата до Собранието, ја предвидува измената на Законот за ДДВ, со што ќе се укине ослободувањето од плаќање на данок за пратките до 22 евра. Овие промени значат дека сите малите пакети испорачани од странство ќе подлежат на царинска постапка, што ќе ги зголеми трошоците и ќе ги направи поценети на крајниот корисник.

Корисниците се загрижени за зголемувањето на цените на популарните пратки од платформи како Тему и Алиекспрес. На социјалните мрежи, се појавуваат различни реакции, од револт до исмевање на новите правила:

  • „Сега пратките од Тему и Алиекспрес ќе станат поскапи. Тоа значи дека ќе мораш да одиш до пошта и да доплатиш за да ја подигнеш пратката! Плус, додај уште 10 дена доцнење во доставата! А да не зборувам за комплицираните процеси со PayPal, Wize, Revolut и други платформи за плаќање и примање на пари!“

Трошоците, како што велат потрошувачите, може да доведат до намален интерес за онлајн нарачки и да го забават растот на малопродажниот сектор во кој доминираат странските продавници.

Извор:Скопјеинфо

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни