Новиот „автомобил од соништата“ на Ферари чини 3,6 милиони и веќе е распродаден

На секои десет години „Ферари“ претставува нов суперавтомобил. Секој модел на оваа автомобилска куќа претставува и нова икона која го наоѓа своето место во историјата. Оваа година Ферари го претстави Ф80, што е и официјалното име на „супер автомобилот од соништата“.
Фото: Ferrari

Новото „Ферари“ е најмоќниот автомобил што некогаш излегол од Маранело: има термички V6 мотор од 900 коњи, поврзан со хибриден систем од 300 коњи, што му дава сложена моќност од 1.200 коњи со максимална брзина од 350 километри на час и кој од 0 до 100 километри на час стигнува за 2,15 секунди, а до 200 за 5,75 секунди.

Ќе се произведат само 799 примероци од овој автомобил, но тие веќе се распродадени по цена од 3.600.000 евра.

Моделот F80 е направен за две лица, но целата внатрешност наликува на автомобил за едно лице. Имено, иако има совозачко седиште, тоа е речиси невидливо кога ќе ја погледнете внатрешноста на автомобилот благодарение на бојата и положбата што го прави позатскриено од возачкото седиште.

Фото: Ferrari

Со фантастичен дизајн, ова Ферари го напушта таканаречениот „антропоморфен изглед“ и двете предни светла повеќе не личат на две очи туку се сместени во еден вид црн визир.

Хибридниот систем на ова Ферари за прв пат вклучува електричен мотор кој е целосно дизајниран, тестиран и произведен во Маранело.

Фото: Ferrari

Дизајнот е комбинација од црвен горен дел од титаниум, карбон и алуминиум и долен дел од обоени карбонски влакна и е сосема нова асиметрична форма. Тој е пет проценти полесен од LaFerrari, но 50 проценти поцврст.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни