Гитаристот и композиторот Сашо Поповски го објави вториот албум за француската музичка куќа ,,Art Melodies”, под наслов Аwakening. Станува збор за уметност која е повеќе од нејзиното име, длабока рефлексија на личното, но и музичка трансформација, кој го рефлектира неговото создавање во година низ движење, интроспекција и внатрешно задлабочување.
Сите композиции на албумот се длабоко човечки, модерно џез искуство обликувано од градовите, сеќавањата, мемориите и тивките трансформации. Албумот е искрена рефлексија и моќ која укажува на нова креативна фаза во дејноста на Сашо Поповски.

Албумот почнува со „22 Days to Spring“, медитативна композиција која буди во сеќавање последниот дел од зимата. Нежната меланхолија и бавното развивање го отсликуваат емоционалниот тон на чекање — за топлина, за промена, за светлина.
Потоа „Roads“ навлегува во животот на музичар на долг пат — исполнет со постојано патување, минливи средби и моменти на тивка рефлексија помеѓу дестинациите. Приказна е за поврзаност и изолација, за пријателства создадени во движење.
Насловната композиција „Awakening“ означува пресвртница. Претставува креативно будење за Поповски — поослободен, подиректен и поинтимен пристап кон современиот џез, закотвен во емотивната искреност и звучната експлорација.
„Point Blues“, дело на Jaume Miguel, ја канализира експресивната душа на Charles Mingus, додавајќи сурова, динамична енергија во текот на албумот.

„Lost in Shanghai“ е инспирирана од вистински настан: искуството на Поповски да се загуби во огромниот градски лавиринт на Шангај повеќе од два часа. Композицијата го доловува суреалистичкото убавина, кинематографските моменти и тивката дезориентација на тоа патување — звучен портрет на восхит и изгубеност.
Исто така создадена од Jaume Miguel, „Fuente de la Salud“ носи ритамска рамнотежа и тонален контраст, додавајќи свежина и виталност на вкупната атмосфера од албумот.
,,Dear Ron” е инспирирана од легендарниот трубасист Ron Miles. Под вијание од неговата лирска чувствителност и скромност, оваа композиција е и како збогување и како прослава — искрено „благодарам“ преку музиката.
„Going Home“ ја доловува универзалната желба што музичарите ја носат на пат — повикот кон тишината, одморот и враќањето — не само во физички простор, туку и кон себеси.

Завршната нумера „Elevator Waltz“ влева закачлива и неочекувана нота. Изградена врз четиринотниот музички мотив што се слуша при отворање и затворање на лифтовите во Шангај, композицијата го трансформира тој чуден, секојдневен звук во заигран, џез одраз.
Албумот ќе биде објавен на 12 август 2025 и освен на страницата на ,,Art Melodies” ќе биде достапен и на сите поголеми музички платформи.