Новиот Ајфон ни доаѓа на 9 септември, вештачката интелигенција ќе биде централна тема на презентацијата

Новиот Ајфон ќе биде претставен на 9 септември во Епл Парк во Купертино, Калифорнија, најавија од Епл и ги испратија поканите до одредени медиуми и инфлуенсери.

На настанот се очекува да биде претставен новиот Ајфон 16, заедно со нови модели на Епл Вач и ЕрПодс 4. Освен хардвер, на настанот ќе бидат претставени и предностите и спецификациите и на новиот iOS18, macOS Sequoia, како и планот за тоа кога ќе пристигнат софтверските ажурирања на уредите.

Сите верзии на новиот Ајфон 16 се очекува да имаат „акциско копче“ што корсниците ќе може да го подесуваат како што сакаат, како и ново копче за фотографирања, што ќе има вградени гестови за зумирање и автофокус. Копчето за фотографирање ќе биде од десната страна на уредите, веднаш под копчето за пуштање на телефонот.

Епл исто така кажа дека сите телефони ќе го имаат новиот А18 чип, што значи дека ќе ги поддржуваат Епл Интелиџенс функциите што доаѓаат со iOS 18.

Според медиумите не се очекува да има некои нови изненадувачки функции на стандардните Ајфон 16 модели, додека Про моделите се очекува да имаат поголем дисплеј. Тие ќе се зголемат од 6,1 и 6,7 инчи на 6,3 и 6,9 инчи. И двата модела, Про и Про Макс, ќе имаат 5х телефото зум камери, што во минатата серија беше достапно само на Про Макс моделот.

Што се однесува до Епл Вач, стандардната Серија 10 се очекува да има потенок дизајн, со поголем дисплеј, но промените не се очекуваат да бидат радикални. Епл исто така планира да ги освежи и Епл Вач СЕ, како и Епл Вач Ултра. Исто така се очекува да има и неколку нови здравствени функции како детекција на спиечка апнеа и мониторинг на крвниот притисок, но се уште не е јасно дали тие ќе бидат подготвени да се презентираат навреме за настанот на 9 септември.

Според медиумите, на настанот ќе бидат презентирани и два нови модела на ЕрПодс 4, едни што ќе бидат директен наследник на ЕрПодс 3 и едни што ќе бидат едно ниво подобри, со поддршка за активна сузбивање на бучава.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни