Новинари ширум светот се во сѐ поголема опасност да бидат уапсени, а најголемиот број притворени се во Кини, Израел и Мијанмар, покажуваат новите податоци на Комитетот за заштита на новинарите (CPJ).
На глобално ниво, до 1. декември минатата година биле притворени 361 новинар, но во Комитетот велат дека тие податоци се само мал дел од сите уапсени во изминатите 12 месеци.
„Поголем број новинари на овој или оној начин се процесуираат во правосудните системи, и тоа се прави намерно. Сè поголемата криминализација на новинарите е намера на различни влади да ги замолчат“, изјавила за Гласот на Америка извршната директорка на CPJ, Џоди Гинсберг.
Голем број новинари се притворени и во Белорусија, Русија, Виетнам и Еритреја, а во Израел бројот се повеќекратно зголемил, поради што во Комитетот велат дека станува збор за цензура.
Ова вклучува убивање и притворање новинари, прекини на комуникацијата, напади на медиумски објекти или повлекување државни средства од израелски весници како што е „Харец“, вели Гинсберг.
Израел не одговорил на барањето на Гласот на Америка за коментар, но претходно ги одбил обвинувањата дека таргетира новинари.
Во Кина се уште има најмногу уапсени новинари – повеќе од 50, а меѓу нив е и продемократскиот издавач Џими Лај, кој е суден во Хонгконг. Против него се подигнати обвиненија во врска со националната безбедност, кои се сметаат за политички мотивирани. Меѓународниот правен тим на Лај вели дека случајот против нивниот клиент покажува како се користат закони против новинарите.
„Сега често гледаме како властите, наместо традиционалните правни средства како клевета или антитерористички закони, обидуваат да користат други закони за да ги дискредитираат новинарите“, истакнува адвокатката за човекови права, Килон Галахер.
Во дописот до Гласот на Америка, Кина го оправдала својот учинок во заштитата на слободата на медиумите, додека Хонгконг повеќепати ги отфрлил обвинувањата дека случајот против Лај е политички мотивиран.
Во Русија, американските новинари Алсу Курмашева и Еван Гершковиќ биле ослободени од затвор. Со 30 затворени новинари, таа земја е пета во светот.
Меѓу притворените новинари ширум светот се и новинари и дописници на Гласот на Америка и нејзините сестрински мрежи, кои се во затворите во Мијанмар, Белорусија, Русија, Виетнам и Азербејџан.