Новинарот и публицист Ненад Георгиевски ја доби државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварување во публицистиката, а новинарот Мијалче-Мишко Иванов за остварување во областа на новинарството.
Претседател на Одборот за доделување на државната награда е Зоран Бојаровски. Од Министерството за култура информираат дека наградата на добитниците ќе им биде врачена на 21 декември (четврток) во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.
Хаџи Василев-Јасмин е наречен „првото перо“ на македонското новинарство и публицистика, а бил и прв претседател на Здружението на новинарите на Македонија.
Наградата за првпат е доделена во 1969 година.