Новинарите Ненад Георгиевски и Мишко Иванов добитници на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Новинарот и публицист Ненад Георгиевски ја доби државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварување во публицистиката, а новинарот Мијалче-Мишко Иванов за остварување во областа на новинарството.

Претседател на Одборот за доделување на државната награда е  Зоран Бојаровски. Од Министерството за култура информираат дека наградата на добитниците ќе им биде врачена на 21 декември (четврток) во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.

Хаџи Василев-Јасмин е наречен „првото перо“ на македонското новинарство и публицистика, а бил и прв претседател на Здружението на новинарите на Македонија.

Наградата за првпат е доделена во 1969 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни